
Синоќа, Државната изборна комисија, покажа една друга практика на работа, барем за почеток. Без партиски килавења и отворени препирања за само 10 минути почнаа изгласаа и завршија.
Едногласно се усвои одлука, за прочистување на избирачкиот список при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи, Народна банка, Катастар, Министерството за труд и социјална политика и други.
Не е позната методологијата на Државната изборна комисија (ДИК), но во овој момент е јасно дека роковите за ажурирање на Избирачкиот список се пробиени за 40 дена, а таа дупка со секој нов ден се зголемува, оцени извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ. Тој нагласи дека пречистувањето на Списокот подразбира и сложени административни и теренски процедури и вкрстување на податоци од различни дата бази.
– Во овој момент имаме минус 40 дена, дали ќе имало време, доколку не се пробиле роковите, може да шпекулираме. Да додадеме дека од денот на утврдување на методологија до денот на ставање на јавен увид на Избирачкиот список има 85 дена. А, сега нема да имаме ниту 35 дена, рече Алексов и потсети дека роковите беа политички поставени, но и дека самите партии кои преговараа ги пробија и своите рокови, што дополнително се одрази на изборното законодавство изхави Алексов за Телма.
Сега се чека 4-те политички партии да ја усогласат Методологијата за прочистување на избирачкиот список, но оваа одлука и постапка е неизвесна, бидејќи СДСМ не се согласува дека до 24-ти април, може да има фер и демократски избори со прочистен список.
Ван Хауте: Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат
Пред вчерашна средаба олеснувачот Петер Ванхојте не е оптимист.
– Ќќе разговараме за напредокот што можеме да го постигнеме наредните денови за прашањата околу методологијата со која Државната изборна комисија ќе може да го прочисти Избирачкиот список и да ги провери гласачите. Второ, ќе почнеме да разговараме за прашањата кои се однесуваат на медиумите. Главна пречка е унилатералната одлука да се оди на избори, а како резултат на тоа целосно се изгуби довербата во процесот. Немам чуство дека партии сакаат понатаму заедно да работата и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите. Тоа е главната пречка со која се соочуваме во моментов – изјави Ван Хауте