398
Партијата “Левица” ја затрупа Државната изборна комисија со приговори.
-На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!, напиша Димитар Апасиев претседателот на Левица.
Вечерва во 19:30 заврши 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.
СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори.