232
Денеска (14.07.2023) во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(30) од Скопје.
При претрес во неговиот дом во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.