Дилерите на дрога во Рио исто така се подготвуваат за Олимписките игри

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Дилерите на дрога во Рио де Жанеиро, исто така се подготвуваат напорно за Олимписките игри од 5 до 21 август.

браз полицТие пакуваат кокаин и крек во кесички со логото на Олимпијадата – секогаш најпрепознатливите пет олимписки круга. Полицијата во Рио соопшти дека уапсила за време на рацијата во вторникот вечерта 93 такви пакетчиња со кокаин и 28 – со крек. Акцијата била спроведена во квартот шепа во историскиот центар на градот, познат како место за забава и ноќен живот. Кон ќесето дрога се закачени ливчиња со  логото на Олимпијадата. Во Рио се очекува за време на Олимписките игри да пристигнат околу 500 000 луѓе. / АФП