498
Веднаш штом заврши сезоната во италијанската Серија А, познатата новинарка Дилета Леота реши да замине на заслужен одмор далеку од градските настани и кој било стадион. Таа во моментов ужива на море со своето момче Џан Џаман, а сега сподели и фотографија од заедничкото уживање.
Познатата водителка во моментов се забавува со него на Капри и ужива во луксуз, иако пред само неколку месеци беше мета на разбојници од Србија.
Имаше гласини дека Леота го изневерила Џан со американскиот милијардер и син на сопственикот на Рома, но фотографиите говорат поинаку.
Љубовта помеѓу Дилета и Џан очигледно расте од ден во ден, а Леота сега покажа како изгледа кога нема тронка шминка на својот Инстаграм профил.