Димевски: Цела Европа ќе учествува на младинските Олимписки игри во Скопје, освен Русија

од Nikola Popovski
88 прегледи

Извонреден спортски настан, најголем досега по број на учесници. Уште многу официјални лица и гости. Македонија ќе биде седиште на спортот во една недела, изјави претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски откако беше најавено дека земјава од 20 до 26 јули оваа година ќе биде домаќин на Европските младински олимписки игри.

Димевски очекува да ги угостиме моментално најдобрите европски ѕвезди во младинска категорија. Упати огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски и Владата кои застанале позади проектот.

-Најголем бенефит ќе имаат нашите спортисти. Ќе имаме повеќе од 200 учесници-спортисти. Ќе трасираме едни цели генерации од 14 до 18 години во 15 спортови како што се кошарка, ракомет, одбојка, 3х3, пливање, атлетика, џудо, стрелаштво… Во некои од нив сме на почеток, но сите ќе ги искористиме за да лансираме нова генерација на спортисти кои што навистина ќе имаат шанса да се градат и понатаму да не преставуваат во најголемо светло, рече Димевски и додаде дека цела Европа ќе учествува на фестивалот, освен Русија.

Тој ги повика македонските граѓани да бидат присутни на терените каде што ќе се одржуваат Олимписките игри и да дадат голема поддршка на нашите учесници.

Слични содржини