Димитриеска Кочоска: Можно е во годинава да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок

Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница, вели Димитриеска Кочоска

од Nikola Popovski
35 прегледи

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби.

Нашата цел е да излеземе на меѓународните пазари и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент. Во таа насока, за време на престојот во САД, на  есенските средби на Светска банка и ММФимам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот” рече министерката за финансии во гостување на ТВ 21.

Таа додаде дека постапката за издавање на еврообврзницата е веќе започната и дека планот е да се излезе на меѓународнито пазар во јануари и да се издаде еврообврзницата.  

„Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница”, појасни министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стрегијата, посочи дека Владата нема намера да ги измени плановите предвидени со Фискалната страгегија, но дека секако треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

„Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок“, рече Димитриеска-Кочоска.

Слични содржини