Димитриеска-Кочоска од Истанбул: Македонија со јасна реформска насока и силна посветеност кон ЕУ интеграциите

од Марта Пешевска
77 прегледи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на панел дискусијата „Каде сме и каде сакаме да бидеме?“ на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, каде што порача дека Македонија е на важна пресвртница – со реформска агенда 2024–2027 поддржана од Европската комисија, насочена кон економска трансформација и подобар животен стандард.

Таа истакна дека по кризите од последните години, фокусот е фискална консолидација со паметно намалување на дефицитот, без запирање на капиталните инвестиции. Според неа, Владата работи на сузбивање на неформалната економија и подобрување на наплатата на даноци и царини.

Целта е полноправно членство во ЕУ, при што, како што нагласи, сите институции работат координирано на усогласување со европските стандарди. Во Истанбул, министерката порача и дека пријателството и соработката со Турција се значајни за надминување на заедничките предизвици.

Претходно, таа во Анкара оствари средби со турските министри за трезор и финансии и за трговија, Мехмет Шимшек и Омер Болат.

Слични содржини