21
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, е во Брисел на работна посета каде учествува на годишниот Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и Турција, Грузија, Молдавија и Украина.
На состанокот се разговара за зголемување на конкурентноста на Европа и намалување на административниот товар за компаниите. Димитриеска-Кочоска ќе ги претстави економските реформи на македонската Влада со цел забрзан економски раст и напредок кон ЕУ.
Во дијалогот учествуваат претставници на ЕУ, Европската комисија, Европската централна и инвестициска банка, како и министри и гувернери од регионот. Ќе бидат донесени заеднички заклучоци кои ќе бидат основа за идни политики и реформи.