Димитриев: Имаме неколку капитални проекти кои ќе ја променат сликата на „спалната соба на Скопје“ како изградба на Аеродромска Чаршија, Технолошки Парк и Дом на Културата

„Кога самиот градоначалник ќе каже дека „Аеродром е спална соба на Скопје“, а нема ниту план ниту визија да го промени тоа, тоа зборува сè за нивната неспособност и нестручност“ - вели Димитриев

од Nikola Popovski
40 прегледи Марјан Димитриев/Фото: Фејсбук

„Кога самиот градоначалник ќе каже дека „Аеродром е спална соба на Скопје“, а нема ниту план ниту визија да го промени тоа, тоа зборува сè — за нивната неспособност и нестручност“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на Левица, Марјан Димитриев.

Истакнува дека има визија и конкретен план како да ги променат работите и да ја развијат локалната економија во Аеродром.

-Пред се мислам на неколку капитални проекти кои ќе ја променат сликата на „спална соба на Скопје“ а тоа е изградба на Аеродромска Чаршија, изградба на Технолошки Парк како и конечно изградба на Дом на Културата за конечно аеродромци да гледаат театар, изложби, мали концерти и итн, порачува Димитриев во интервју за „Локално“.

Интервју со Димитриев: Резултатот во Аеродром не е познат однапред – тоа што вели владејачката партија е нивна стара тактика за да го обесхрабрат народот да излезе и да гласа за промени