Димитриевска задоволна од одлуката на Апелациониот суд за затворска казна за сообраќајката кај „Млечен“

од Берта Китинска
322 прегледи

Наташа Димитриевска  која пред две години во сообраќајката кај „Млечен ресторан“ ги загуби сопругот и нероденото бебе, а и сама има трајни последици, е задоволна од одлуката на Апелациониот суд Скопје.

-Ако не беше борбата од преку медиумите , социјалните мрежи и поддршката од целата јавност немаше да успее затоа што беше под знак прашалник дали обвинителство ќе поднесеше жалба затоа што завршниот збор кој го даде обвинителот во овој предмет даде насока дека се согласуваат со одлуката на условната казан. Казната од затвор две години не е доволна, но сепак ни дава надеж дека нешто во државата функционира и имаме непристрасни судии, вели Димитриевска.

Таа очекува Судскиот совет да го разгледа предметот против судијата кој го водеше предметот.

Откако вчера министерот за правда, Бојан Маричиќ, прв соопшти дека има информации оти Апелацискиот суд за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје ја преиначил условната во затворска казна од две години, денеска се огласи и Јавното обвинителство кое наведува дека Апелација ги прифатила укажувањата дека Основниот кривичен суд не ги ценел доволно отежнувачките околности.

-Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда. Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифати наводите на ОЈО Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда, соопштија од Јавното обвинителство.

Слични содржини