355
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски синоќа објави фотографии од полициско возило паркирано на тротоар и велосипедска патека во Куманово.
-Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица во овој случај полициски службеници. Класичен пример како не треба, за жал со оваа се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот прв и во континуитет го крши, вели Димитриевски преку објава.
Тој на социјалните мрежи објави и локација на полициското возило.
Како што порачува градоначалникот, „работите излегоа од контрола“.