Димитриевски: Честит Велигден, нека владее слога, во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, од негово лично име и од име на општина Куманово, упатува честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Велигден.

„Секој верски празник не зближува, без оглед на религиозната припадност, не потсетува да се радуваме на секоја светлина, која допира до нас. Традицијата на славењето на Велигден, нека и оваа година биде во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето. Во домовите на сите граѓани, нека владее слога, а деновите на празнување нека донесат здравје, мир, благосостојба и хармонија меѓу луѓето! Христос Воскресна!”, се вели во честитката.

Слични содржини