Димитриевски: Дефинитивно нема да имаме коалиција со ДУИ, ниту со актуелното раководство на СДСМ

од Nikola Popovski
344 прегледи

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија синоќа беше во Охрид со кандидатите за пратеници во ИЕ 5 и претседателот на Движењето, Максим Димитриевски. Во изјавата за медиумите Димитриевски рече дека разговараат со граѓаните на различни теми што се од нивен интерес.

„Дефинитивно се потврдува тоа што го кажаа граѓаните во првиот круг на изборите за претседател на државата, дека се роди нова политичка сила во Македонија и повеќе од јасно е дека никогаш нештата повеќе нема да бидат исти во државата. Граѓаните го имаат ЗНАМ, ЗНАМ ги има граѓаните“.

Тој додаде дека како нов политички субјект, со многу мал број на членови, успеале да освојат голем број на гласови.

„Очекуваме уште поголема поддршка од граѓаните на парламентарните избори, со што ќе се етаблира новата политичка опција во државата, којашто никогаш нема повеќе да дозволи на тие самонаречени големи политички партии да си поигруваат со судбината на граѓаните и да прават непринципиелни коалиции“, рече Димитриевски и додаде дека во однос на сето она што било изнесено во медиумите за сите можни коалиции, за тоа ќе одлучува раководството на политичката партија ЗНАМ,а во иднина ќе ги изнесат ставовите.

„Јас знам само дека ние ќе се залагаме за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот којашто се наоѓа во највисоките политички лидерства на големите политички партии.

Дефинитивно нема да имаме коалиција со ДУИ, ниту во еден момент ќе влеземе во каква било коалиција со ДУИ, а исто така ни со актуелното раководство коешто го предводи СДСМ, затоа што сметаме дека тие имаат свои кандидатски листи коишто служат за обезбедување на имунитет на кандидатите коишто се на првите добитни места на листите и затоа во оваа прилика апелирам, бидејќи таа партија има голем број на чесни членови, домаќини луѓе, да се приклучат во ЗНАМ, бидејќи тука се суштинските корени на АСНОМ од коишто овој актуелен лидершип се откажа со тоа што ги избриша од самиот Устав основните асномски постулати“, кажа Димитриевски.

Слични содржини