130
Делегација на општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на деецот и апостол на револуционерна Македонија Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје во чест на одбележувањето на 151 година од неговото раѓање.
„Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце, среќен празник Македонци! 151 година мотив, идеологија, непокор. Сите ние сме Гоце, а тој е во секој од нас. Слава му!“, потенцира Димитриевски.