Димитриевски: Денес Куманово е без долгови

од Nikola Popovski
254 прегледи

Првенствено ние градоначалниците, носителите на јавни и политички функции, пратеници, членови на Советот, сè до последниот вработен од техничкиот персонал во општината треба да бидеме за пример – сите граѓани да плаќаме даноци, изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој денеска учествуваше на јавна дебата „Мотивирање на граѓаните за плаќање даноци“ во салата на Советот на општина Гостивар, заедно со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Тој информираше дека е горд сум што со неговиот тим успеале Општина Куманово финансиски да ја деблокираат.

– Од трета најзадолжена општина пред 4 години, денеска Куманово е без долгови, а на сметка имаме 174 милиони денари, изјави Димитриевски.

Димитриевски, на јавната дебата истакна дека граѓаните сакаат да им се наметнуваат правила и процедури, но првенствено истите да се почитуваат од страна на сите.

-Да ги прибираме даноците за да имаме од што да им направиме на граѓаните, бидејќи никој од страна нема да дојде и да ни донесе средства, сите оние донации кои се појавуваат тие се првично скромни, времени се и нема да траат вечно. Затоа ќе мораме сакале или не да се научиме да ги плаќаме даночните обврски. Главниот проблем е даночната дисциплина којашто ние всушност ја немаме како граѓани или сме ја изгубиле. Вториот проблем е даночната евиденција којашто ние како локални самоуправи ја немаме во целост поставено или пак истата е поставена строго селективно поради селективниот пристап на професионалните служби вработени даночното одделение. И третиот уште поголем проблем е даночната моќ или капацитет на граѓаните да ги плаќаат своите јавни давачки, посочи Димитриевски.

Слични содржини