Денеска на сметка има 167 милиони денари граѓански пари, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово, истакна кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово, додавајќи дека само оваа година се изградни 8 км патна инфраструктура, извршена е реконструкција на сите спортски капацитети во училиштата, за 3 години се изградени 3 училишни спортски сали, проширена е гасоводна мрежa.
Димитриевски истакна дека Соколаната и спортската сала и стрелиштето, стадионот, се вратени назад на општината и се реконструираат и ќе продолжиме посветено понатаму.
Ние од СДСМ сме најупорните, бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме до крај, додека Куманово го градиме како еден модерен европски град, а различностите ќе не направат уште посилни, порача Димитриевски.