Димитриевски: ЕУ не може да го реши билатералниот проблем со Бугарија

од Nikola Popovski

Проблемот со Бугарија ќе се решава на релација Скопје-Софија. Не може билатерален проблем кој што е наметнат од нивна страна, да го реши Европската унија. Таа треба да биде посредник, да се повика на европските вредности и да изврши дополнителен притисок врз нашиот сосед, изјави претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, одговарајќи на прашање каде попрво би отишол за решавање на проблемите – Брисел, Софија или Вашингтон, доколку стане шеф на државата.

Тој е дециден дека прашањето треба да се решава тука, а преговарачката рамка со ЕУ да претрпи одредени измени.

-Тоа е можно, ако ги видиме примерите со Црна Гора и Србија. Едноставно Европа треба да нè разбере и сфати, истакна лидерот на ЗНАМ во емисијата на „Слободен печат“.

Според Димитриевски, Македонија треба да го искористи геополитичкиот момент во светот и нашата геостратешка положба, со цел да знаеме како да преговараме со државите кои се влијателни во ЕУ.

Слични содржини