Димитриевски го однесе Дачиќ во омилената слаткарница на српскиот министер во Куманово

од Nikola Popovski
95 прегледи

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска остварил протоколарна средба со Ивица Дачиќ, потпретседател на Влада и министер за внатрешни работи на Р Србија, г-дин Панче Тошковски министер за внатрешни работи, г-дин Сашо Петрушевски државен секретар во МВР, и г-дин Александар Јанев директор на Биро за јавна безбедност при МВР.

Во негова придружба бил секретарот на Општината Александар Гелевски, претседателката на Совет Ивана Ѓорѓиевска, членови на Совет на Општина Куманово и Стефан петковски член на кабинет.

-Ивица Дачиќ пристигна во придружба на Н.Е. Невена Јовановиќ амбасадор на Р Србија, Драган Васиљевиќ помошник директор на полиција, Слободан Недељковиќ шеф на кабинет на министер за внатрешни работи, Дијана Вукомановиќ советник на министер за внатрешни работи, Марко Ковачевиќ заменик началник на Одделение за меѓународна соработка и соработка со ЕУ и Немања Пантиќ офицер за врски во РМ.

На средбата го потенциравме огромното пријателство и соработка помеѓу Македонија и Србија и блискоста на двата народи, важноста на местоположбата на Општина Куманово, но исто така г-ин Дачиќ се присети на многу убави спомени од деновите поминати во Куманово, како војник во ЈНА.

По средбата, отидовме во кратка обиколка на центарот на градот, каде ја посетивме и омилената слаткарница на вицепремиерот Дачиќ – слаткарница “Реклама”, каде како тој тврди ги јадел најубавите десерти во Куманово, информираат од Кабинетот од Димитриевски.

Слични содржини