268
Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат 9 милиони евра за политички маркетинг, а малите партии по 8000 евра, па оттаму граѓаните нека заклучат, изјави претседателскиот кандидат Максим Димитриевски по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.
Тој порача дека потпишал само форма, а не суштина на Кодексот.
Лидерот на ЗНАМ бара ДИК да преиспита тоа што голем број кандидати за во Парламентот се директно вклучени говорници во поддршка на претседателските кандидати.
-Само граѓаните можат да го подигнат на демократијата, истакна кандидатот за претседател.
Димитриевски бара менување на законот, со цел да биде поеднаков за сите, за да, како што рече, имаме правилни и демократски избори во Македонија.