Јас сум за Европата на Шуман и Моне, за Европа којашто подразбира толеранција, взаемно почитување, вреднување на вредностите на секоја една етничка заедница, секој народ да се изјасни така како што сака, а не всушност Европа на Борисов и Петков, а најмалку еден Радев што ни наметнуваат нешто што никогаш не сме се ни чувствувале, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, коментирајќи го последниот француски предлог за решавање на спорот со Бугарија со цел да се отпочнат преговорите за ЕУ интеграција на Македонија.
Димитриевски им порача на граѓаните да не молчат, велејќи дека во моментов молчењето е подеднакво исто како и срамот, давајќи поддршка и легитимност на протести втор ден по ред се одржуваат пред Владата.