Димитриевски: Ќе понудиме алтернативи како да ја трансформираме Македонија во стабилна самоодржлива држава во функција на граѓаните

од Nikola Popovski
261 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека граѓанското здружение коешто во месец септември треба да се трансформира во политички субјект ќе биде најважниот фактор за креирање на идната извршна власт во Македонија по парламентарните избори и ќе преземе одговорност да ја извадат државата од оваа катарза.

„Ние во моментов во македонскиот блок сме трето пласиран политички субјект којшто сѐ уште не е регистриран, бидејќи не може да ве стават на анкета доколку немате регистрирано политички субјект. Она според нас што е најважно е реалната анкета, а на нас ни се граѓаните. Ние поддршката од нив ја чувствуваме секојдневно, ја чувствуваме и надежта којашто доаѓа од нивна страна, но и очекувањата и ние тоа ќе го исполниме. Ќе излеземе со еден сериозен тим, којшто е докажан во сите сфери на општественото живеење, ќе понудиме алтернативи како брзо да ја трансформираме Македонија во стабилна самоодржлива држава која ќе биде во функција на граѓанинот, а не во функција како денеска на политичарот и ваквите поединци коишто даваат слатки изјави, а всушност во државата ни се случува сеопшта катарза“, рече Димитриевски.

Слични содржини