477
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски јавно го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?
„Дали повторно ќе инволвирате дел од непрофесионалните од МВР во изборниот процес? Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот. Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат“, порача Димитриевски.