Димитриевски: Македонскиот политички фактор не смее да дозволи да биде уценуван од никој

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за Претседател на државата Максим Димитриевски во емисијата „Аргумент Плус“ на 24 Вести изјави дека „македонскиот политички фактор не смее во ниту еден момент да дозволи да биде уценуван од никој“.

– Во спротивно ќе гледаме само една реприза од она што се случува последните шест години, кадешто СДСМ се распадна и распука по сите шавови, служејќи му како привезок на ДУИ, којшто е на власт повеќе од 20 години“, истакна тој.

Димитриевски рече дека тој и ЗНАМ поддршакта ја бараат од граѓаните кои гласаат тука за да добијат легитимитет и да може од аспект на одредена позиција да бидат релевантни и да ја претставуваат државата во разговорите и преговорите на нашиот пат кон ЕУ.

Слични содржини