„Уморен сум од политиката затоа што слушам безброј шпекулации, безброј прес- конференции, гледам безброј пи-ар кампањи на одредени политичари кои ги користат овие моменти и искрено многу разочаран сум како човек кој се занимава со политика“, изјави градоначаникот на Куманово Максим Димитриевскиза вестите на телевизија 24..
Тој додаде дека неговата првична цел е да се избориме со коронавирусот, и дека сега треба сите да бидат обединети во борба против истота зло.
– Го слушнав пресот на опозиционата партија, во ниту еден момент немало злоупотреба на општинскиот штаб на било каков ресурс. Имаше помош од многу семесјтва, донираше семејството на Заев во Куманово, слободно може да дојде да донира и семејството на Мицкоски. Нека донираат сите политички партии. Секој се обидува да собере максимални политички поени. Треба максимално единство. Да ги оставиме епидемиолозите да работат, а не демагозите, вели Димитриевски.