Димитриевски: Надлежните нема потреба да бркаат вештерки во системот кој самите не го поставиле како што треба да биде

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во изјава за „Телма“ вели дека надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба.

– Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, вели Димитриевски.

Реакцијата доаѓа откако директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова, соопшти дека во неговиот случај се утврдени серија прекршувања на законите и процедурите.