Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам, се вели во ставот на Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, во однос на иницијативата на ВРЕДИ за формирање Академија на науките на Албанците во Македонија.

„Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.

Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.

За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки“, се додава во ставот на Димитриевски.

Слични содржини