Димитриевски: Одам кај моите Албанци, ми велат работиш кај Македонците – oдам кај моите Македонци и Срби, велат работиш само кај Албанците…

-Куманово не заслужува импровизација, порача Димитриевски на крајот од изборната кампања

од Nikola Popovski
23 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска на крајот од кампањата повика на масовна излезеност на жителите на Куманово на вториот круг од изборите в недела на 2 ноември.

„Ве повикувам да излезете во недела да го направите вистинскиот избор, бидејќи Куманово продолжува да се развива и да се гради. Куманово заслужува континуитет, Куманово не заслужува импровизација. Одам во текот на кампањата во селата, ми велат работиш во градот. Одам во градот, ми велат работиш во селата.

Одам кај моите Албанци, ми велат работиш кај Македонците. Одам кај моите Македонци и Срби, велат работиш само кај Албанците. Но едно е јасно, сите велат дека работам, а јас имам намера, заедно со вас, да продолжам да работам. Тоа го работев изминатите осум години, реализирав над 800 проекти и доколку ја добијам вашата подршка во недела, ќе продолжам тој број на проекти, двојно да ги зголемам. Има проблеми во градот, ги имало. Моја работа ќе биде да го намалам тој број.

Затоа, бидејќи Ве сакам сите вас, го сакам нашиот град, Ве повикувам, излезете во недела масовно,  дајте ја вашата подршка за бројот два, за мене, за вашиот градоначалник Максим Димитриевски. Бидејќи и Куманово знае, но и Македонија знае“, нагласи тој.

Слични содржини