Ја следев денеска прес конференцијата на претседателот и воопшто не ми беше пријатно. Што се однесува до одговорите кои ги даде, апсолутно се усогласени со Владата и повеќе од јасно е дека постои взаемен договор веќе подолг временски период, бидејќи играат добар и лош полицаец, истакна градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски повод денешната прес конференција на претседателот Стево Пендаровски по заседавањето на Советот за безбедност.
– Пред седум дена испраќа молскавични популистички пораки кон премиерот, за денеска да бидат во целост усогласени, но што ќе се случи? Ќе им се случи народот. Власта ќе биде на стаклени нозе, неодржлива и ќе падне, ќе се смени, ќе дојде нова политичка елита која ќе продолжи да ја води државата, кажа Димитриевски за Сител.