Димитриевски: Придружете ни се, да се ставиме сите во служба на Македонија и на нашиот народ

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје.

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

„Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!“ повика Димитриевски.

Слични содржини