125
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска во име на општината ја прими наградата “Европска ознака за извонредност на управувањето” на денешната свечена церемонија во хотел Хилтон – Скопје.
“Оваа награда и признание на Општина Куманово го доделува Европската организација за локална демократија – АЛДА, согласно успешно спроведениот процес на самоевалуација и покажувањето на високо ниво на усогласеност со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа од страна на Општина Куманово”, потенцира Димитриевски.
На настанот беа споделени искуства од спроведувањето на процесот во општини од три држави (Хрватска, Косово и Македонија) кои беа опфатени со проектот организиран од страна на АЛДА.