Димитриевски: Рускиот јазик се учи во Куманово над 70 години, но немаме голем интерес во училиштата

од Nikola Popovski
57 прегледи

Секоја недела имам средби со амбасадори. Амбасадорот Баздникин беше во Куманово со невладина организација, со оглед дека таа традиционално организира Саем на органска храна и се прикажуваат различни кујни. Оваа година се случи со руската кујна. Се сретнавме и јас како добар домаќин морам да го примам, рече лидерот на ЗНАМ, Максим Дикмитриевски за неодамнешната средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и зошто беше потребна.

Димитриевски истакна дека не се договориле со амбасадорот за изучување на рускиот јазик во училиштата на територија во Куманово.

-Рускиот јазик во две училишта се учи повеќе од 70 години. За жал, немаме голем интерес за изучување на јазикот и секако како амбасадор (Баздникин), сакаше да информира што е причината. Тоа не е нова програма, но, како и да е, моите ставови, како и ставовите на Македонија, се дека имаме класична агресија на Украина и Македонија е на страна на европските и НАТО држави. Јас морам да ги удостојам сите странски дипломати кои ќе дојдат во градот, вклучувајќи го и рускиот дипломат, кажа Димитриевски во емисијата „Само интервју“.

На 27 септември годинава, градоначалникот на општина Куманово на својот Фејсбук профил информираше дека во посета на општината бил рускиот амбасадор. Димитриевски објави фотографија од средбата со Баздникин, а во описот на истата напиша:

„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“, стои во објавата на Фејсбук профилот на Димитриевски.

Слични содржини