Движењето ЗНАМ – За наша Македонија синоќа ги отвори просториите на Изборниот штаб на Движењето во Охрид. Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обрати Максим Димитриевски, претседател на Движење ЗНАМ и негов кандидат за Претседател на Македонија на претстојните Претседателски избори.
„Ме радува што и во Охрид отворивме простории на ЗНАМ, кадешто граѓаните ќе можат да дојдат и да се вклучат. Да дадат придонес во менуваањето на нештата во Македонија“, рече Димитриевски и додаде дека очекува луѓето, граѓаните да ја препознаат различноста на ЗНАМ и да дадат поддршка на претстојните избори.
„Јас сакам Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот на државата. Тоа е мојата цел. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура“, кажа Димитриевски.
Тој посочи дека оваа позитивна енергија ќе придонесе нештата во Македонија да се сменат и после изборите никогаш да не се исти.
„Сакаме власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме вистински претставници на нивните интереси. Само така Македонија ќе може да излеззе од оваа состојба на тонење и разградување, кое трае речиси 30 години. Време е да се обединиме и сите заедно да обезбедиме подобра иднина за идните генерации“, рече Димитриевски.