Димитриевски се вклучува во трката за претседателската функција

од Nikola Popovski
323 прегледи

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија одлучи да му предложи на Конгресот на партијата, кандидат за претседател на државата да биде лидерот на движењето и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Според портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, на Македонија ѝ треба татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.

-На Македонија ѝ треба надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. Претседател кој ќе го даде максимумот за земјата. За првпат граѓаните ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против, рече Мемов на прес-конференција.

Тој најави дека од утре ќе почнат да собираат потписи за кандидатурата на Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово е седмиот познат кандидат во трката за Вила Водно.

Слични содржини