Димитриевски со реакција за обвинувањето на СДСМ: Целта не сум јас, туку ЗНАМ

од Vladimir Zorba
67 прегледи

„Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби“, реагира лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на денешните обвинувања на СДСМ за коруптивен скандал поврзан со ЛИДЛ.

Вели дека целта на оваа кампања на СДСМ не е лично тој, туку преку него политичкиот субјект, кој е, вели, најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

„За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство. СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда. Паниката го прави своето“, смета Димитриевски.

📷📽СДСМ обвинува за „најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово“: „Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!“

Слични содржини