Димитриевски: Свети Сава го ширел христијанството на овие простори и се залагал за мир

од Nikola Popovski

Вечерва во Занаетчиски дом Куманово се одржа свечена Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација, по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во нашата држава.

-Куманово е Македонија во мало, ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме македонци, срби, турци, албанци, роми, власи или било која етничка заедница која опстојува на овие македонски и балкански простори, изјавил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обраќајки се на манифестацијата.

Градоначалникот додал дека му претставува голема чест и задоволство да присуствува на оваа свечена Светосавска академија во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот.

-Тоа е нашето Куманово коешто низ векови се ткаело токму со овие мисли и идеи. Затоа со право можеме да кажеме дека сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција но мора да ја вреднува туѓата. Го честитам овој голем празник на сите срби во Куманово и во Македонија кои што го чествуваат и празнуваат, рекол Димитриевски.

Слични содржини