Димитриевски: Убеден сум дека ќе добијам втор мандат за градоначалник

од Nikola Popovski

„Ќе одам на втор мандат како градоначалник на Куманово и сум убеден дека ќе го добијам“, изјави актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски за емисијата „Клик плус“.

Според него, СДСМ е политичка партија која се разликува од другите.

„Јас сум социјалдемократ и заложник на демократски процедури во партијата. Не остапувам од моите ставови во изминатиот период, затоа што сметам дека се исправни. На отчетот, на моите сограѓани им најавив дека имам намера да побарам поддршка од партијата, и потоа од граѓаните“, рече Димитриевски.

 

Слични содржини