Димитриевски: Волците облечени во јагнешки кожи плаќаат портали да шират невистини, но вистината секогаш излегува на виделина

од Vladimir Zorba
108 прегледи

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е избран за претседател.

Тој се заблагодари за изборот и нагласи дека има намера да создава нови лидери бидејќи движењето ЗНАМ работи и ќе работи, вели, со и за граѓаните, како нова политичка сила која во изминатиот период од 14 месеци се потврди и докажа.

Пред присутните претседателот на ЗНАМ вети дека никој, како што рече, нема да побегне од одговорност без разлика кој колку и да се обидува да се приближи до владеачката политичка елита. Меѓу другото, посочи дека „сите волци сега облечени во јагнешки кожи“ плаќаат портали, медиуми и многу други инфлуенсери да шират говор на омраза, лаги, невистини и јавни обвинувања против луѓе, од кои, подвлече, се плашат бидејќи вистината секогаш излегува на виделина.

Како претседател на партијата, истакна Димитриевски, има намера да го „смести“ ЗНАМ како респектиран политички субјект на македонската политичка сцена. Повтори дека идеологијата на партијата влече корени од Крушево и АСНОМ и тоа е „нашиот завет“.

Македонија со принципи и систем, не Македонија држава на лажни обвинувања, дневни политики, не за иднина базирана на лажни вести и други квазимедиуми. Македонија праведна, чесна, достоинствена, Македонија која ќе се води од принципите и постулатите на ЗНАМ за отчетност, транспарентност, одговорност, а од овој Конгрес понатаму, вели и посветеност.

Реизбраниот претседател на партијата Димитриевски со порака до сите од партијата дека функцијата поминува и да не заборават никогаш да работат по закон, посветено и чесно, за, како што подвлече, да ја искоренеме корупцијата до крај.

Слични содржини