Ние водиме максимално позитивна кампања и ќе продолжиме така да ја бараме довербата на граѓаните на овие локални избори за сите наши кандидати за советници и за сите наши кандидати за градоначалници кои што се под реден број 2 на гласачкото ливче, изјави денеска лидерот на ЗНАМ и кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски на прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје.
На новинарско прашање на „Локално“ за црната кампања која се води на овие избори, за која се обвинуваат меѓусебно двете најголеми македонски партии, Димитриевски го порача следново:
-Сакам да испратам порака дека демократијата се тренира, но, сепак треба да излеземе од старите стереотипи и да се насочиме кон иднината бидејќи граѓаните од нас очекуваат одговорност.
Негативната кампања носи само негативни чувства кај секој граѓани и не враќа на тоа што било лошо во одредени времиња, во кои што сите, буквално сите политички елити кои што минаа низ оваа држава имаат своја одговорност, кажа градоначалникот на Куманово кој „трча“ по уште еден мандат во својата општина.