Димитриевски: ЗНАМ ќе гарантира дека ова мнозинство нема да опстои доколку повторно се случи мултикорупција, мултикриминал, неказнивост и селективна правда

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Максим Димитриевски во „Топ Тема“ нагласи дека ЗНАМ ќе биде гаранатот дека никогаш повеќе нема да може некој да го уценува со непристојни предлози партнерот во владата, а коишто ќе одат на штета на македонските националнин и државни интереси.

„ЗНАМ ќе гарантира дека ова мнозинство нема да опстои доколку се случи повторно феноменот на мултикорупција, мултикриминал, неказнивост и селективна правда. ЗНАМ ќе гарантира дека нема да добијат можност да се реализираат најцрните сценарија, туку се што ќе се случува, ќе се случува објективно, транспарентно, отчетно и одговорно пред самата јавност, македонска и никогаш повеќе нема да има договори во четири очи каде што со закон ќе се даде можност на одредени компании да бидат избрани на тендер и да станат кабадахии во нашата држава. Како што е коридорот 8“, рече Димитриевски.

Слични содржини