Димитриевски: ЗНАМ не беше за линеарно зголемување на пензиите, но должни сме да го следиме концептот на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
34 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели дека како партија имале друг концепт за покачувањето на пензиите, но, како што вели, не добиле поддршка на последните избори, а поддршка добил концептот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува откако беа изгласани измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се овозможува линеарно покачување на пензиите за двапати по 1000 денари.

-Дали ни се допаѓа или не, ние сме должни да го следиме како партнер во Владата бидејќи тие освоија половина милион гласови, а не ние. Проектот на ЗНАМ не беше за линеарно зголемување туку да добијат најмногу оние со најниски ставки, а оние со највисоки пензии да добијат помалку и да се приклучат на концептот. Таквиот концепт не победи. Видовме дека трендот со линеарното покачување ќе продолжи бидејќи парите ја губат својата вредност, а потребно е во секој дом да влезат поголеми пари. Сепак, мора да се внимава и на стабилноста на Пензискиот фонд. Владата ќе излезе во пресрет на пензионерите во рамките на своите ветувања, кажа Димитриевски во „Вести плус“.

Лидерот на Партијата на пензионери, Илија Николовски вчера во разговор за „Локално“ порача дека со најновото линеарно покачување сите кои имаат пензии над 20 илјади денари ќе бидат оштетени, а само 7,5% од пензионерите нема да бидат.

Николовски: Сите кои имаат пензии над 20 илјади денари се оштетени со линеарното покачување

Слични содржини