Димитријевиќ: Божиновска внесува фирма од црната листа на САД во бизнис-мрежата на Мицкоски

„Министерката Божиновска подготвила бизнис со конторверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, човек кој е на црната листа на САД поради сомнежи за перење пари, поврзаност со криминални организации и офшор бизниси“, соопшти генсекот на СДСМ

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека во енергетските планови на Владата е вклучена компанија поврзана со лице кое се наоѓа на „црната листа“ на САД.

Според него, министерката за енергетика Сања Божиновска во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година ја вклучила компанијата „Хронос сум“, поврзана со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ.

„Сања Божиновска подготвила бизнис со конторверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, човек кој е на црната листа на САД поради сомнежи за перење пари, поврзаност со криминални организации и офшор бизниси. Компанијата на Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, објавен од владата.

Истражувањето на АКТ покажува дека „Хронос сум“ е дел од офшор мрежа, со сопственост која се движи од Црна Гора, преку Панама, па повторно назад. Класичен модел за прикривање на вистинските сопственици и потеклото на капиталот“, кажа Димитријевиќ.

Тој информира дка фирмата поседува над 900 хектари земјиште во Штипско, наменето за изградба на фотоволтаични централи.

-„Хронос сум“ ја има основано компанијата во мај 2015 година, а веќе во август истата кога година кога е ВМРО на власт купува 900 хектари земјиште во напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци за изградба на фотолтаици. Следната 2016 година сопственоста се префрла на панамската офшор компанија „Адастра Груп“. Од тогаш до сега, компанијата нема започнато никаква градба.

Очигледно ова е сега нов почеток на старите бизнис шеми. Бараме оваа одлука веднаш да биде поништена, а Јавното обвинителство да отвори предмет и да го истражи овој случај, додаде генсекот на СДСМ.