Причината, мотивацијата зад Берлинскиот процес да се почне нешто што ќе даде опипливи резултати, политичка посветеност и признание за важноста на регионот, се уште се присутни, кажа вицепремиерот Никола Димитров на денешниот панел насловен „Што по Берлинскиот процес“ на Белградскиот безбедносен форум.
-Процесот на проширување, европската интеграција на регионот се уште е во криза – Србија последен пат отвори преговарачко поглавје во 2019 г., Црна Гора во 2020 г., да не зборуваме за визната либерализација за Косово и имаме одлука на Советот од март 2020 г. за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, која се уште не може да се спроведе. Значи, нема многу придвижување, неодамна имавме Самит кој прати добра политичка порака… Сакам да изнесам една политичка поента, бидејќи сме среде локални избори – мислам дека е важно за ЕУ – гласот за Европа да го направи победнички. Ако не можеме да испорачаме зашто ЕУ не може да му испорача на регионот, проевропските, прореформските сили ќе бидат предизвикани“,изјави Димитров во Белград.