Димитров: Американското присуство на европскиот континент не треба да се зема здраво за готово

од Берта Китинска
296 прегледи

Економскиот раст зависи од ефтина енергија од Русија и другата зависност е од кинескиот пазар. Просперитетот на ЕУ е базиран на два столба кои денес се разнишани, вели Никола Димитров во емисијата 24 Отворено.

-Потежок е сега пристапот кон кинескиот пазар, а Европа бара начин да ја поништи зависноста од руските енергетски ресурси, а за безбедноста на Европа се потпираме на САД. Живееме во време кога има радикална непредвидливост. Има и политички движења што играат на картата враќање назад. Мора да се адаптираме и да станеме отпорни на влијание. Дури и американското присуство на европскиот континент не треба да се зема здраво за готово. Америка повеќе се врти кон Азија, Кина е главниот фактор, Европа може да не биде толку важна во иднина, рече Димитров.

Слични содржини