Димитров бара да се прогласат за персона нон грата политичарите кои велат „Македонија е бугарска“

од Nikola Popovski
121 прегледи

Во 21-век, во Европа, сојузници сме во НАТО, комшии сме, мислам дека прават крупна историска грешка, исто како што ние правиме кога се обидуваме да не ја видиме реалноста. Не се работи за радикални поединци кои ги вложуваат односите, туку има речиси консензус во политичка Бугарија околу негирање на македонскиот идентитет и јазик. Ние сме навредени и со право е тоа, вели поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров за актуелните настани на релација Скопје-Софија.

Димитров наведува дека треба да се смириме малку и без очајни и панични реакции.

-Многу е поважно да се занимаваме со самите себеси – до каде сме со реформите, каква ни е економската ситуација, повеќе енергија дома. Не можеме ова прашање да го решиме ако не се обидеме да најдеме заеднички јазик дома. Да размислиме дали вреди една толку голема концесија како повторно отворање на Уставот да се направи. Можеби треба да учиме, посочува поранешниот министер за надворешни работи.

Тој смета дека е време некои бугарски политичари да се прогласат за персона нон грата во земјава.

-Ние сме во таква ситуација што ако државата не брани кога достоинството на народот е нападнато, тогаш се создава простор за нервози и проблеми. Мислам дека државата е време да реагира на најбруталните и највулгарните изјави, посебно на иредентизам „Македонија е бугарска“ – тоа е кристално теријаторијална претензија. Ние како држава треба да кажеме не сте пријател и не сте добредојден се додека имате вакви јавни изјави кои не се за 21-от век, порачува Димитров во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Слични содржини