Димитров бара гласна реафирмација на македонските позиции во преговорите со Бугарија

од Nikola Popovski
151 прегледи

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров смета дека четирите услови на премиерот Димитар Ковачевски кои беа соопштение на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, се „стопиле“ на два зборови, “протокол” и “отворање”, па за 24 часа само на еден збор “протокол”.

-Од повикот на шефот на дипломатијата пред три дена бугарскиот парламент да не го усвојува предлогот бидејќи тоа “ќе го блокира долгорочно европскиот процес” за само еден ден потоа токму усвојувањето на предлогот стана “голем напредок”. Ако потрае оваа агонија на игра со зборови и позиции уште малку, веројатно предлогот ќе им стане целосно прифатлив и ваков каков што е, а од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина. За жал, ако навистина дојде до тоа – ќе ја дишеме сите долго, заглавени во ќорсокакот, пишува Димитров.

Поранешниот министер бара гласна реафирмација на македонските позиции и дома и надвор, за да ги чујат сите кои можеби не сакале да ги слушнат, вклучувајќи го и еврокомесарот Вархеји.

-Граѓанското несогласување и активизам е срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше надворешната божем-политика што со зборовите на Петков доведе до “неверојатен дипломатски успех” за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за божем заплашување, пишува меѓу другото Димитров на социјалните мрежи.

Слични содржини