Нема промени во заедничката историска комисија со С. Македонија од бугарска страна. Луѓето кои повеќе не се во комисијата за РСМ си заминаа доброволно и не се сменети. Чудно е да се бараат промени каде одлуките ги носи само земјата која ги предложила релевантните претставници, за БНТ изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Заедничката историска комисија.
„Како одговор на новата енергија што се внесува во билатералните односи, предвидовме поголема динамика во нашата работа. Закажавме 3 средби до средината на мај. Ова зголемување на ритамот не е нешто ново, од бугарска страна комисијата сакаше да има уште многу состаноци низ годините за да има резултати“, додаде проф. Димитров.
„На почетокот оваа наша желба беше опишувана како политички притисок, но сега има желба од другата страна. Првата средба годинава е на крајот на февруари“, коментира проф. Димитров.
„Нема притисок врз комисијата. Имаме искуство, знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без посебни очекувања“, додаде Димитров.
„Ние сме во средниот век, уште сме на предметот што се учи во основно училиште, се уште не сме стигнале до она што се учи во средно, а работиме 3 и пол години. Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа започнала во средниот век. На тоа се должи на блокирањето на нормалниот ритам на комисијата“, тврди тој.
„Инсистирав повторно да се отвори разговорот за Гоце Делчев, за жал нашата средба ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, коментира проф.Димитров.
„Не очекувам нешто што ќе предизвика голем ентузијазам во работата на комисијата“, додаде тој.