Димитров: Членството во НАТО им припаѓа на сите македонски граѓани

од Nikola Popovski
233 прегледи

На денешен ден, пред точно две години, во Стејт Департментот беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што од тој момент, и официјално станавме триесетта земја членка на НАТО, се огласи поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во чие време на чело на министерството, Македонија стана дел од воената алијанса.

Според Димитров, ова е историски момент кој им припаѓа на сите македонски граѓани и на плејада визионери, војници, дипломати, државни службеници и политичари, кои макотрпно, во текот на изминатите три децении, работеа да се оствари каузата за побезбедна и попросперитетна татковина.

-Членството во НАТО добива посебна тежина во време на руската агресија врз Украина, кога гледаме дека ужасот на војната е се’ уште можен на европско тло. Завршивме голема работа, заокруживме важна приказна благодарение на Преспанскиот договор, за денес македонскиот територијален интегритет и безбедност да се гледаат во еден сосема друг контекст и во ваква Европа и на овој наш бурен Балкан, објави Димитров.

Слични содржини