Димитров демантира дека влегол во бизнисот со градежништво: Единствен политичар сум без ниту еден отворен судски процес или индиции за злоупотреби

од Nikola Popovski
175 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ги демантира пишувањата во одредени медиуми дека влегол во бизнисот со градежништво и изградба на згради низ Скопје.

Најостро ги демантирам наводите во мкденес.мк, портал без импресум, кој се повикува на неименувани извори од СДСМ дека сум влегол во бизнисот со градежништво и изградба на згради низ Скопје.Ова е апсолутна и груба лага и доколку не добијам извинување веднаш, ќе се видиме на суд, објави Димитров.

Тој упати порака до вработените во порталот:

-Jас сум секогаш достапен за јавноста и наместо да дозволат да бидат маша во рацете на валкани центри и да газат една благородна професија како новинарството, можат да се јават и да побараат изјава, дури и кога се работи за очигледни небулози и црна кампања.

Е сега, една порака и за “изворите од СДСМ” кои очекував да се појават и допрва сигурно ќе се појавуваат: Нема метод со којшто може да ме замолчите! Еднаш кажав – за нештата што ми се важни, во животот и во политиката – нема пуштање, по ниедна цена! Кога се работи за корупција, пак – сте го нашле човекот – па вие најдобро знаете кој е овде единствен (или ајде меѓу ретките) политичар без ниту еден отворен судски процес или индиции за злоупотреби. На таа тема можете само да си направите беља, стои во објавата на поранешниот министер.

Слични содржини