289
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа во врска со информацијата дека тв-презентерката Бесмира Ејупи била избрана за конзул во Њујорк, по која МНР информираше дека Македонија веќе има назначено конзул на тоа место.
-Ми беше јасно, јас бев внатре и јасно е дека политичките партии кај нас си бараат позиции.До кога ќе поставуваме по партиска линија директори на училишта и болници? Треба да има надолен тренд на политички поставувања и човекот што го поставувате да ги исполнува критериумите, кажа тој.